Насловна / Архитектура / Финскиот павилјон на Дубаи Експо 2020 каде се среќаваат две култури

Финскиот павилјон на Дубаи Експо 2020 каде се среќаваат две култури

Архитектонското биро од Хелсинки, JKMM Architects создаде мирен павилјон сличен на капела, како фински придонес за Дубаи Експо 2020.

Павилјонот е покриен со бела затегната индустриска ткаенина дизајнирана да евоцира фински снег.

10

„При проектирањето на павилјонот, настојувавме да донесеме дел од финската природа во ОАЕ и Дубаи“, рече Teemu Kurkela, основач на JKMM Architects.

„Павилјонот е инспириран од тенкиот бел слој на првиот снег што го покрива финскиот пејзаж на почетокот на зимата“, додава таа. На фински, се вика „Луми“, што значи снег “.

2

3

Префабтикуваната кожна ткаенина подигната е на средина, како завеса која го означува влезот во павилјонот. Евоцирајќи шатор, ова се однесува и на финското и на блискоисточното номадското наследство.

„Главниот влез беше инспириран од традиционалниот арапски шатор“, вели Kurkela. „Во архитектонскиот концепт на павилјонот се среќаваат две култури“.

1

Влезот води кон простор обложен со закривени дрвени површини опишани од бирото како „простор сличен на клисура врежан во зграда “.

Финскиот павилјон всушност е засолниште од гужвата и вревата на Експо. Спакуван во дрвена структура, природните материјали делуваат смирувачки.

4

JKMM Architects се надеваат дека овој простор ќе биде идеално место за одржување состаноци за време на шестмесечниот настан.

„Се надеваме, ова ќе биде најдобриот простор во Експо за средба лице в лице“, велат од бирото.

5

Централната клисура ја опкружува простор што содржи изложба која има за цел да покаже како природата и технологијата можат да се искористат за да се развие среќата, бидејќи Финска е најсреќната земја во светот.

9

Екранот, кој вклучува филмски екран долг 53 метри, проектиран е од Futudesign, Sun Effects и Flatlight Creative House во соработка со JKMM Architects.

По изложбата, павилјонот ќе остане на локацијата пет години, а потоа ќе биде демонтиран. Архитектите на JKMM проценуваат дека повеќе од 80 отсто од материјалите користени за негова изградба ќе се рециклираат и повторно ќе се користат.

8 6 7

Испрати коментар

Scroll To Top