Насловна / Вести / Финска ја доби првата геотермална топлана

Финска ја доби првата геотермална топлана

Во Финска започна со работа геотермалната топлана изградена од страна на финската компанија QHeat за локалниот снабдувач Vantaan Energiа во еден округ во близина на Хелсинки. Ова е прв пат геотермалната енергија да се користи во мрежата за далечинско греење во Финска. Постројката црпи топла вода од три бушотини длабоки околу 800 метри, чија температура е во опсегот од 80 до 100 степени Целзиусови.

vantaan1

Реализацијата на овој проект започнала во 2020 година, со државни субвенции во износ од 35% од вредноста на инвестицијата. Во последните години, Vantaan Energia извршила значајни вложувања во намалување на јаглеродниот отпечаток на далечинското греење, а целта на компанијата е да се обезбеди целокупната топлина во топлификационата мрежа да потекнува од обновливи извори на енергија. како дел од своите климатски цели, Vantaan Energia постепено ќе ги напушта фосилните горива во производството на енергија за што поскоро да оствари климатска неутралност пред 2030 година.

vantaan2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top