Насловна / Арт и дизајн / Филип Фидановски со изложба во Вараждин, „Пикасо можеби јас – во чест на Пикасо“

Филип Фидановски со изложба во Вараждин, „Пикасо можеби јас – во чест на Пикасо“

Во Галеријата К10 во Вараждин, македонскиот уметник – керамичар Филип Фидановски се претставува со изложбата „Пикасо можеби јас – во чест на Пикасо“. Изложбата ја отвори на 18 мај 2024 година  македонскиот амбасадор во Република Хрватска, Проф. д-р Милаим Фетаи, а своја песна прочита претседателката на МКД на Истарската жупанија, г-ѓа Златеска.

После успешните претставувања во Скопје, Кичево, Охрид, Битола и Куманово, изложбата „Пикасо можеби јас“, овој пат дополнета со нови дела изработени во 2024 година, може да ја види и хрватската јавност, 13 керамички скулптури инспирирани од делата на големиот Пабло Пикасо. Изложбата ќе трае до 5. јуни 2024 година, а реализирана е со финансиска подршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top