Насловна / Вести / Градежништвото се соочува со криза за вода

Градежништвото се соочува со криза за вода

Се  посериозната глобална криза за вода претставува голем предизвик. Според проценките на стручњаците, до 2030 година ќе дојде до разлика од 40% помеѓу понудата и побарувачката за вода. Градежниот сектор, кој троши околу 15% од светските залихи на свежа вода, мора да направи значајни промени со цел да стане поефикасен во потрошувачката на вода. Регулаторните тела, како што е Construction Leadership Council во Велика Британија, дале насоки за намалување на употребата на вода во градежништвото, но напредокот е бавен.

Новите технологии кај градежните материјали нудат подобри решенија за бетонот. Компаните кои произведуваат мицелиум, бетон со коноп или зелен бетон, настојуваат да користат што помалку вода во своите производни процеси. Бетонот направен од пепел од јаглен, користи 10% помалку вода од конвенционалнииот, и ја поддржува циркуларната економија преку рециклирање на отпад. Доколку сите би преминале на овој вид бетон, глобалната потрошувачка на вода би се намалила за околу 100 милиони кубни метри годишно. Во исто време повеќе стартап компании се фокусирани на следење на потрошувачката на вода и развој ан решенија за нејзина повторна употреба. OceanWell ја користи модуларната технологија на длабокот морски притисок, за производство на свежа вода, додека системите за генерирање на атмосферска вода на SkyH20, обезбедуваат обновливи извори за комерцијална и индустриска употреба.

Секако, неопходни се значајни промени во производството на бетон, секојдневната употреба на вода и сл., доколку градежништвото навистина има намера да ја намали и рационализира потрошувачката на вода, а во моментот се наоѓа на раскрсница кога е крајно време да се сврти кон одржлива градба.

Испрати коментар

Scroll To Top