Насловна / Вести / Фабрика Карпош АД прослави 70 години

Фабрика Карпош АД прослави 70 години

Градежната компанија Фабрика Карпош АД прослави 70 години од своето постоење. Компанијата која е основана пред 70 години е специјализирана во нискоградбата, високоградбата, производството на градежни материјали, бетонски производи, како и транспорт.

DAD_2959

Фабрика Карпош е основана во 1948 година по завршувањето на втората светска војна со цел да се забрза постапката за изградба на срушената земја од војната. Името го добива по народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, и е поставена во 4 адаптирани хангари. Во изминатите години е приватизирана и максимално го развива својот процес на производство.

DAD_2939

Во хотелот Александар Палас во присуство на владини претставници, градоначалници, претставници на бизнис секторот и пријатели на компанијата беа доделени благодарници за оние кои низ годините овозможиле компанијата да го постигне успехот.

DAD_2982

Испрати коментар

Scroll To Top