Насловна / Вести / Европската унија ќе го забрани уништувањето на непродадената облека и обувки

Европската унија ќе го забрани уништувањето на непродадената облека и обувки

Прегобварачите од Европскиот парламент и Советот на ЕУ (надлежни министри од државите членки), постигнале прелиминарен договор да им забранат на големите компании, првенствено ан малопродажните ланци, да ги унишуваат непродадената облека и обувки. Договорот е дел од поширока иницијатива, создадена на предлог на Европската Комисија, за измени на т.н „правила за екодизајн“. Измените на Директивата за екодизајн имаат з ацел производите да станат поиздржливи и побезбедни, и да можат полесно да се поправаат и рециклираат со цел заштеда на ресурси, првенствено на енергенти и вода.

ecodesign1

Правите субјекти кои ја уништуваат непродадената стока, според договорот, ќе мора да ги пријавуваат количините на производите кои ги фрлиле и тоа да го образложат. Две години после стапувањето на сила на идното законско решение, на големите компании во целост ќе им биде забрането уништувањето на непродадената стока. Забраната за компании со средна големина, ќе биде воведена шест години подоцна, додека за малите компании е договорен исклучок.

ecodesign2

На глобално ниво, само 20% од отфрлената облека повторно се користи или се рециклира. Остатокот се спалува или се фрла на депонии. Законот исто така ќе постави и посебни барања за квалитетот на стоката, со цел да се зголеми векот на траење. со цел потрошувачите подобро да бидат информирани за производите кои ги купуваат, тие во продажба мора да поседуваат дигитален пасош. Комисијата ќе управува со јавен веб портал кој на потрошувачите ќе им овозможи да пребаруваат и да ги споредуваат информациите содржани во пасошите на производите. Деталните обврски за одделните производи сеуште не се финализирани. Следен чекор е парламентот и Советот на ЕУ официјално да го изгласаат односно усвојат овој законодавен пакет.

ecodesign3

 

Испрати коментар

Scroll To Top