Насловна / Вести / Европа започна да троши од складираниот гас за претстојната зима

Европа започна да троши од складираниот гас за претстојната зима

Намалувањето на испораките на природен гас од Русија, ја примора Европа да ги користи залихите подготвени за претстојната зима. Од падот во испораката погодени се Франција, Италија, Австрија и Германија, поради одлуката на „Газпром“ да ја запре работата на компресорските единици на Siemens, откако се појави спор во всрка со нивната поправка. Затоа, залихите во европските подземни складишта на гас, паднале за прв пат од средината на април.

nsgas1

Според последните податоци, резервите се намалени за еден процентен поен, и покрај тоа што вообичаено во текот на летните месеци гасот само се вбризгува во скалдиштата, а складираните количини се чуваат до пикот на зимската сезона. Според песимистичката прогноза на Wood Mackenzie Ltd, во случај на целосно гасење на Северен тек, Европа не ќе може да акумулира резерви на гас до нивото кое го одреди ЕУ до почетокот на грејната сезона, а во тој случај гориво ќе снема до јануари. На почетокот на минатата недела, „Газпром“ соопшти дека поради ограничувања на компресорската станица „Портоваја“, ќе може да испорачува гас преку Северен тек до 100 милиони кубни метри дневно, во однос на планираните 167 милиони. Поради доцнење во ремонтот ан агрегатите на германската компанија Siemens, на станицата можат ад се користат само три гасни компресорски единици, а клучната опрема з аработа на гасоводот не може да се врати после одржувањето во Канада, поради санкциите.

nsgas2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top