Насловна / Вести / ЕУ ја менува регулативата за да ја поддржи примената на геотермалната енергија

ЕУ ја менува регулативата за да ја поддржи примената на геотермалната енергија

Сложените национални прописи, во комбинација со долготрајните процеси на авторизација, ја успоруваат примената на геотермалната енергија, се вели во резолуцијата која неодамна ја усвои Европскиот парламент. За да се реши ова, резолуцијата повикува на европска стратегија за геотермалната енергија, почнувајќи од мапирањето на геотермалните ресурси ширум ЕУ со цел да се обезбеди дека сите податоци се собрани на едно место и достапни на јавноста.

geotermal1

Резолуцијата е изгласана со огромно мнозинство и повикува на формирање на индустриски сојуз за геотермалната енергија и на воведување на хармонизирана шема за обезбедување кое ќе го ублажи финансискиот ризик за секторот. Исто така, се поттикнуваат земјите членки на ЕУ да развијат национални стратегии за геотермална енергија, по примерот на Франција, Полска и Ирска, кои имаат изработено конкретни мерки и политики за поддршка на овој извор на енергија. Конечно, резолуцијата повикува на дополнителна поддршка на регионите кои се економски зависни од фосилни горива, со цел да им се овозможи да преминат на геотермална енергија. Геотермалната енергија е сигурен извор на енергија со фиксни трошоци и наведена е меѓу стратешки чистите технологии според Net-Zero Industry Act. 

geotermal2

Данска компанија во моментот ја гради најголемата геотермална електрана во Европа во Архус, со капацитет од 110MW. Проектот ќе снабдува 20% од градот со енергија за греење од геотермален извор.

 

Испрати коментар

Scroll To Top