Насловна / Вести / Словенија ја доби првата соларна електрана изградена од енергетска задруга, за сопствени потреби

Словенија ја доби првата соларна електрана изградена од енергетска задруга, за сопствени потреби

Словенија ја доби првата енергетска задруга чии членови ќе се снабдуваат со електрична енергија од соларна електрана која самите ја поставиле на покривот на една јавна установа. Фотонапонската постројка е инсталирана од страна на енергетската задруга Zeleni Hrastnik на покривот на едно основно училиште, а ќе произведува електрична енергија за членовите на задругата. Оваа електрана има моќност од 300 kW, што ја сврстува меѓу најголемите електрани во категоријата прозјумери. Оваа соларна електрана ќе снабдува 16 станови од блиските станбени блокови, три јавни згради – општина, училиште и базен, мал деловен простор и две приватни компании.

hrastnik1

hrastnik3

Проектот е реализиран од страна на енергетската задруга Zeleni Hrastnik, формирана во 2022 година. Финансирањето е обезбедено на следниот начин – учество од членовите на задругата, субвенции од словенечката влада и кредит од државниот „Еко фонд“ (Eko sklad), со поволна каматна стапка. Посебноста на оваа заедница за обновлива енергија (renewable energy communitty) е и во самиот модел на нејзиното формирање. Сите вклучени во оваа енергетска задруга – 17 физички лица, две компании, општина, се заеднички сопственици на електраната и истовремено потрошувачи на произведената енергија. Целта на проектот била да се направи модел кој ќе биде користен и од други субјекти, а тоа веќе дава резултати. Имено, општината преку оваа задруга веќе влегла во други партнерства за енергетски проекти, а интерес доаѓа и од други општини во земјата.

hrastnik2

 

Испрати коментар

Scroll To Top