Насловна / Вести / Естонија нуди виза за дигиталните номади

Естонија нуди виза за дигиталните номади

Од сега виза за живот во Естонија ќе может да добијат сите оние кои работат преку интернет, а сакаат да ги извршуваат работите од оваа земја. Во заострувањето на американската емиграциона политика, другите земји видоа сериозен економски потенцијал, првенствено преку привлекување на телентирани кадри, односно зајакнување на својот пазар на трудот. Така Канада благодарение на “увезените“ кадри бележи голем раст на стартап компании, а тоа наскоро би можело да се случи и во малата балтичка држава. Имено, Естонија креирала нова работна виза наменета исклучиво за „дигиталните номади“, односно лицата кои работат преку интернет. Поради пандемијата, зголемен е бројот на лица кои работат од дома, а оваа земја смета дека би можела да привлече дел од нив. Затоа им нуди можност легално да живеат во Естонија, до една година. Инфраструктурата за нивната работа е веќе обезбедена – од брз интернет до разни онлајн услуги.

Инаку оваа земја многу сериозно работи на дигитализацијата, па меѓу другото нуди и можност за целосна комуникација со јавната управа преку интернет, електронско гласање на избори, дигитални рецепти за лекови и сл.

estonia1

estonia2

Испрати коментар

Scroll To Top