Насловна / Вести / БиХ: Термоцентралата „Угљевик“ доби постројка за десулфуризација

БиХ: Термоцентралата „Угљевик“ доби постројка за десулфуризација

На 20-ти август успешно заврши пробната работа на постројката з адесулфуризација на димните гасови на термоцентралата „Угљевик“ во БиХ, по што во периодот до 28-ми август се завршени гарантните мерења на функционалните гаранции за максимално оптоварување.

Прелиминарните резултати од тестирањето покажале дека сите вредности се под договорно утврдените, при што емисиите на сулфур диоксид се 150 mg/Nm3 (граничната вредност е 200) а концентрацијата е прашина е  1,5 mg/Nm3 (граничната вредност е 20).  Сите мерења се реализирани од страна на Институтот „Милан Видмар“ од Љубљана. Ефектите од работата на оваа постројка најдобро ја ислустрира фактот дека без неа од електраната би се емитувале 18 тони SO2 на час, а со неа само 150kg. Исто така, и емисијата ан цврсти честички е значително намалена. Со реализацијата на овој проект, термоелектраната „Уљгљевик“ е најчистата термоцентрала во Босна и Херцеговина.

ugljevik1

ugljevik2

ugljevik3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top