Насловна / Вести / Електричните автобуси ја освојуваат Европа – за прв пат пред дизелашите во 2023 година

Електричните автобуси ја освојуваат Европа – за прв пат пред дизелашите во 2023 година

Од сите продадени градски автобуси во 2023 година во Европа, 36% се електрични, што е прв пат поголем удел во однос на автобусите кои користат дизел гориво. Анализата на организацијата Transport & Environment (T&E), покажува дека во тоа предничат Словенија, Данска, Холандија, Ирска и Финска. Со сегашната стапка на раст, уделот од 100% на новите градски автобуси со нулта емисија, би можело да се достигне до 2027 година.

Исто така, се истакнува дека регулативата на ЕУ заостанува зад пазарната реалност. Неодамна усвоените стандарди за CO2 за тешки возила, зацртале 90% од новите градски автобуси до 2030, односно 100% до 2035 бидат без емисии. На ниво на држави, 15 од земјите членки на ЕУ го надминале просекот на ЕУ во 2023 година, вклучувајќи и пет во кои градските автобуси без емисии веќе сочинуваат повеќе од 90% од новата флота – Словенија, Данска, Ирска и Финска. Од друга страна, Италија има удел од 29%, додека Германија само 26% на автобуси без емисии.

T&E ја нагласува клучната улога на производителите на автобуси да обезбедат одржливи автобуси произведени во Европа, бидејќи побарувачката на електрични автобуси ќе продлжи да расте во наредните години. Во анализата с енапоменува и дека од 207 година, секој петти нов електричен автобус кој се продава во Европа е од кинеско потекло.

 

Испрати коментар

Scroll To Top