Насловна / Вести / Електрана на јаглен во Шпанија ќе биде претворена во постројка за зелен водород

Електрана на јаглен во Шпанија ќе биде претворена во постројка за зелен водород

Португалската енергетска компанија Energias de Portugal (EDP) планира да ја трансформира својата електрана во јужна Шпанија, во производствен капацитет за зелен водород, со инвестиција од 550 милиони евра. Целта е  EDP да направи вистинска енергетска транзиција на поширокото подрачје каде е лоцирана електраната на јаглен од  570 MW, односно да помогне во декарбонизација и на локалните индустрии.  Електраната во моментот е во процес на декомисионирање, но оваа инвестиција ќе придонесе за реализација на т.н  Hydrogen Valley (Долина на водородот). Овој проект не е ограничен само на производството на зелен водород, туку вклучува и производство на енергија од обновливи извори и изградба на капацитети за складирање на електрична енергија.

edp1

edp2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top