Насловна / Вести / Еколошки прифатлива батерија направена од цинк и лигнин

Еколошки прифатлива батерија направена од цинк и лигнин

Научници од неколку универзитети во Шведска развиле батерија од два исплатливи и еколошки прифатливи компоненти – цинк и лигнин. Нејзината густина на енергијата е споредлива со оловно – киселинските батерии, но за разлика од нив не содржи олово и не е токсична. Исто така, за разлика од батериите на база на цинк кои во моментот с едостапни на пазарот и кои се празнат за само неколку часа, цинк – лингинската батерија ја задржува енергијата околу една недела. Лигнинот е комплексен полимер на ароматични алкохоли. Најчесто се добива од дрво и е интегрален дел на секундарните ќелиски ѕидови на растенијата и некои алги.

Со користење на супстанција на база на калиум- полиакрилат, научниците успеале да го стабилизираат цинкот. Оваа батерија може да се користи и повеќе од 8.000 циклуси, пред нејзините перформаси да ослабат на 80%. Цинкот и лигнинот се многу ефтини, а батеријата лесно се рециклира. Ако се пресмета цената по циклус на користење, тоа е исклучително ефтина батерија во споредба со литиум – јонските, истакнуваат од истражувачкиот тим.

Испрати коментар

Scroll To Top