Насловна / Вести / Една од музите на Питер Линдберг беше и Татјана Патиц

Една од музите на Питер Линдберг беше и Татјана Патиц

Питер Линдберг (1944-2019) е фотограф и видео-режисер заслужен за почетокот на новата ера на фотографии на супермоделите. Линдберг е Германец роден во Лешно, Полска. По војната, неговото семејство се преселило во Дисбург, крајбрежен индустриски град во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, кој подоцна ќе влијае на позадината на неговите фотографии.

5

Студирал уметност во Берлин и Крефелд, а своите дела ги изложувал пред дипломирањето. Во 1971 година, тој се свртел кон фотографијата и работел за списанието Stern.

05

Инспириран од документарната фотографија на Dorothea Lange, Henri Cartier-Bresson и Garry Winogrand, Линдберг се стекнал со репутација на фотогеничен реализам, во кој предметите и луѓето – особено жените – се снимени во навидум чиста, недопрена состојба, со минимална шминка и лежерно стилизирани.

6

Неговата естетика многу влијаела на модната индустрија и поп културата, за што сведочи и неговата значајна црно – белат насловна страна на британскиот Vogue од јануари 1990 година со Наоми Кембл, Синди Крафорд, Татјана Патиц, Кристи Тарлингтон и Линда Евангелиста, на улица, облечени во маици и фармерки.

4

Бројот е продаден во досега невиден тираж. Снимил бројни музички спотови и насловни за албуми, вклучувајќи ги Тина тарнер – Foreign Affair, Шерил Кроу – The Globe Sessions и Бијонсе – I Am… Sasha Fierce. Три пати бил фотограф (1996, 2002 и 2017) на календарот Пирели, што е воедно и единствен кој е покнет да работи и трет пат.

1

Неговата работа е претставена на меѓународни изложби. Линдберг преферирал црно-бела фотографија и во 2014 година на својата изложба во галеријата Gagosian во Париз забележал: „Одговорноста на денешните фотографи би требало да биде да ги ослободат жените, а конечно и сите останати, од теророт на младоста и совршенството“.

01

Една од неговите музи беше и прославениот супермодел Татјана Патиц (25 март 1966 – 11 јануари 2023), која почина неодамна.

02

0

ttt

tttt

nn

t

tt

00

04

06

07

08

8

09

011

7

2

Испрати коментар

Scroll To Top