Насловна / Архитектура / Станбениот комплекс инспириран од Lego коцки, најпосакувано место за живот во Киев

Станбениот комплекс инспириран од Lego коцки, најпосакувано место за живот во Киев

Вкупно 40 хектари бетон во бои на виножитото го претставуваат т.н Comfort Town, кој се состои од 180 згради со над 8500 станови, а збогатен е и со прекрасно зеленило.  Овој „град на удобноста“ се истакнува од своето сиво опкружување како Lego коцки врз стар тепих. Архитектонското студио Archimatika го потпишува овој проект, а теренот делува како град во град, во кој се наоѓа се што е потребно за модерен живот – од продавници и ресторани до училишта и теретани. “Вашиот мал дел од Европа во Киев“ се наведува во рекламната брошура. Навистина, поголемиот дел од станарите го сочинува генерација на млади семејства кои културно се чувствуваат поблиску до Европа отколку до советското наследство на земјата. Ова е прв станбен комплекс во Украина базиран на принципот на развој на блокови, наместо советскиот тип на макро округ. Различниот број на катови на зградите (од 2 до 16) создава разиграност и сликовитост на секоја улица. Живописните силуети на зградите, разработените тлоцрти на становите и просторите наменети само за пешаци, креираат зависно ниво на удобност. Имено, подрачјето е поделено на два сегменти – улици каде е овозможен сообраќај за возила и дворови кои се наменети исклучиво за игралишта и шеталишта. Кај вториов сегмент дозволен е влез само за возила за итна помош за кои е обезбеден посебен пристап. Comfort Town е најуспешна станбена недвижност во Украина, показателите од продажбата достигнале максимум од над 200 продадени станови месечно.

comforttown2

comforttown3

comforttown4

 

Испрати коментар

Scroll To Top