Насловна / Вести / ЕБОР ги претставува резултатите од програмата за финансирање на енергетската ефикасност на Западен Балкан

ЕБОР ги претставува резултатите од програмата за финансирање на енергетската ефикасност на Западен Балкан

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во вторник на 28.09.2021 година, ќе ја одржи т.н GEFF Award Ceremony за Западен Балкан. Настанот ќе биде одржан  online, а ќе биде достапен преку пренос во живо на порталот Balkan Green Energy News. Целта на настанот е претставување на остварените резултати на GEFF програмата (Green Economy Financing Facility) на Западен Балкан, кредитна линија на ЕБОР која обезбедува средства за инвестирање во доменот на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор. Во текот на изминатите четири години, програмата помогнала 9000 домаќинства да ја подобрат енергетската ефикасност. Во текот на настанот ќе бидат доделени признанија и награди за сите кои придонеле за успех на програмата. Овојпат наградите се во вид на садници дрвја, кои ќе бидат засадени ширум регионот, а станува збор за 1.000 стебла.

ebor1

GEFF програмата за Западен Балкан продолжува да се реализира, а вкупниот износ од 135 милиони евра ќе биде насочен и натаму во подобрување на енергетската ефикасност на Западен Балкан и ублажување на климатските промени. GEFF програмата на Западен Балкан се имплементира во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP Plus), и поддржан е со грант од ЕУ, Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBiF) и Сојузното министерство за финансии на Република Австрија (BMF).

ebor2

 

Испрати коментар

Scroll To Top