Насловна / Вести / Wabtec ја претстави првата батериска електрична локомотива на светот

Wabtec ја претстави првата батериска електрична локомотива на светот

Производителот на локомотиви Wabtec  во соработка со Универзитетот Carnegie Mellon, ја претстави првата батериска електрична локомотива во светот. Компанијата од Питсбург во Пенсилванија, тврди дека новата локомотива е „драматично помоќна“ во однос на електричниот автомобил на Tesla, и дека може да помогне во значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид во веќе релативно „зелениот“ сектор на железничкиот транспорт. Батерискиот електричен погон може да се спои со традиционалниот дизел мотор, со цел намалување на потрошувачката на гориво за над 11%, што доведува до намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Локомотивата наречена FLXdrive, успешно ги завршила тестовите во Калифорнија и минала пат долг 20.920 километри помеѓу Barstow и Stockton во период од три месеци. Локомотивата тешка 194.044 килограми користи 18.000 литиум јонски батериски ќелии, за да развие до 4.400hp. Батеријата може да се полни и со енергијата од регенеративното кочење. Австралиската компанија Roy Hill која се занимава со рударство,  е купувач на првите комерцијално достапни FLXdrive возови.

vabtek1

vabtek2

vabtek3

Испрати коментар

Scroll To Top