Насловна / Ентериери / „Дом за мајка“

„Дом за мајка“

kuka za majka_5
Шведски архитекти одлучиле да го модернизираат класичниот дизајн на една типична скандинавска рурална куќа, и да го претстават на јавноста на еден нов, прочистен и рафиниран начин.kuka za majka_2

Така, вообичаената дрвена и ребреста надворешна структура, која обично е прикажана во црвена боја со наведнат покрив, во современата интерпретација станува бел алуминиум во согласност со современите, прочистени тенденции на скандинавската архитектура, а со своето име „Куќа за мајка“ алудира на спомени од минатото. Таа се наоѓа во еден мал град Linköping во јужниот дел на Шведска. Во моментов се работи за дело во процес на настанување, а официјално ќе биде претставено на Linköpingsbo – салон за ентериери во 2017 година.

kuka za majka_4 kuka za majka_3

Објектот е поделен на два дела: во првиот се наоѓа кујна, дневна соба, трпезарија и бања, а во другиот студио заедно со спална соба. Ентериерот е направен во комбинација на дрво и бетон, а нивните природни бои се во комбинација со бела и темносива боја. Максимално е прочистен и лишен од непотребни детали и во вообичаениот скандинавски стил е совршено функционален.

kuka za majka kuka za majka_1

Испрати коментар

Scroll To Top