Насловна / Арт и дизајн / Animal House на миланскиот Salone del Mobile 2014

Animal House на миланскиот Salone del Mobile 2014

animal haus vo milano_5
Модната куќа Marni на овогодишниот Salone del Mobile во Милано ќе го претстави хуманитарниот проект Animal House.

Во Милано започнува големиот Salone del Mobile 2014, во чии рамки свои колекции ќе презентираат најпознатите архитектонски бироа за ентериери, дизајнерски студија и модни куќи. Минатата година, посебно внимание привлече проектот на модната куќа Marni наречен „100 столчиња“, а за оваа година подготвуваат хуманитарен проект во соработка со колумбиските занаетчии.animal haus vo milano_1 animal haus vo milano_4

Animal House е необична инсталација чии главни ликови се птици, жирафи, зајаци, ноеви, магариња и многу други животни како и асиметрични столчиња во светли бои плетени од жица. Секој предмет е рачно изработен од страна на група колумбиски жени, а дел од продажбата ќе биде дониран за да им помогне на оние што страдаат од неизлечиви болести.

animal haus vo milano_3 animal haus vo milano_2

Испрати коментар

Scroll To Top