Насловна / Архитектура / Додека се чека одлуката за Охрид, Ливерпул избришан од листата на светско наследство

Додека се чека одлуката за Охрид, Ливерпул избришан од листата на светско наследство

Денеска се очекува расправата во УНЕСКО за статусот на Охридскиот регион да се најде на дневниот ред на годинешната 44. Сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура, што се одржува во кинескиот град Фуџоу.

До расправата за состојбите во Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство од исклучителна универзална вредност, според предвидениот дневен ред од работата на Комитетот има уште пет точки, така што веројатно одлуката по нацрт-извештајот и идниот статус на заштитеното културно и природно наследство ќе биде познат во текот на денот.

oh_resize

Што се однесува на нацрт-верзијата на самата одлука се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација, со конкретен предлог регионот да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.

Ливерпул избришан од листата на светско наследство

Агенцијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) пред два дена го избриша Ливерпул од листата на светско наследство поради преголемиот развој кој влијае на автентичноста на ова англиско пристаниште. Тринаесет делегати на Комитетот за светско наследство гласаа Ливерпул да се тргне од листата, додека петмина беа против.

Во образложението на одлуката на УНЕСКО се наведува дека последниве години урбанизацијата создала „ненадоместлива загуба“ на историската вредност на Викторијанските градби на доковите на Ливерпул. Одлучниот удар на УНЕСКО статусот на овој град му го задало решението на локалните власти да го гради новиот стадион на фудбалскиот клуб Евертон, „тежок“ 500 милиони фунти на речните докови, блиску до старите градби, некогаш заштитен знак на Ливерпул. Оваа одлука, која британскиот печат ја нарече „понижувачка“, доаѓа по предупредувањата кои УНЕСКО на локалните власти на Ливерпул му ги упатуваше уште од 2010 година дека модерните градби го нарушуваат ликот на градот и ја уништуваат вредноста на културното наследство.

liv_resize

Градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон ја коментираше одлуката на УНЕСКО како разочарувачка, а повеќе граѓански здруженија како „национален срам“, пренесува британски Гардијан.

Ливерпул е трета локација која ја снајде ваква судбина.

ZC000055

Прво од листата на УНЕСКО беше тргнато живеалиштето на антилопите арабиски орикс во Оман во 2007 година, поради одлуката на власти на 90 отсто од заштитената територија да дозволи истражување за нафта.

Втора избришана локација од листата е долината на Елба во Германија во 2009 година, откако преку реката беше изграден модерен мост од четири сообраќајни ленти.

drez_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top