Насловна / Вести / Денес во Охрид презентација на дигитални решенија за туризмот

Денес во Охрид презентација на дигитални решенија за туризмот

Дигитални решенија развиени од старт-ап, микро и мали ИКТ компании, што се погодни за дигитализација на работењето на компаниите од секторот туризам денес во 11 часот ќе бидат презентирани на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид, пишува Оhridnews.

ох_resize

Презентацијата е дел од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на швајцарската агенција за развој и соработка, во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид и Факултетот за туризам и угостителство – Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

„На настанот ќе бидат презентирани дигитални производи и услуги во сегментот на е-резервации, е-плаќања, е-продавници, дигитално мени, дигитална рецепција, веб страници, дигитален маркетинг и промоција, управување со човечки ресурси, финансии и слично“, соопштија организаторите.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top