Насловна / Арт и дизајн / Dior ја лансираше новата колекција Aquarius

Dior ја лансираше новата колекција Aquarius

Летото е време за ручеци на отворено и појадок на тераса, а новата колекција на сервис за јадење Dior наречена Aquarius ќе и даде на секоја гозба нота на свежина.

Сите предмети се направени во деликатни нијанси на сино-зелена боја и рачно насликани со визуелни елементи од слатководни риби. Жителите на реките не се овде случајно – колекцијата Aquarius, дизајнирана од Cordelia de Castellane, создадена е да не запознае со идиличната атмосфера на викендицата на господин Dior во Milly-la-Forêt.

1_resize

За модниот дизајнер ова место станало вистинско засолниште од париската гужва. Во своите мемоари, напишал: „Можев да се повлечам во мојата куќа од цвеќиња и мирно да го слушам црцорењето на птиците. Тука течеше и река, мрзеливо носејќи ги своите води покрај локалната воденица и слатките куќички“.

3_resize

Колекцијата вклучува чинии, чаши и садови со „портрети“ на подводните жители, како и елегантни стаклени скулптури од риби кои ќе ја красат секоја маса. Финалниот допир за убава декорација на масата е рачно везен чаршав.

01_resize

Самостојните орнаменти во форма на риба се направени целосно рачно од мурано стакло. „Секој може да ја избере својата риба, сите се различни“, објаснува Cordelia, „Во потокот ништо не е уредно и сакав тоа да го пренесам на оваа колекција“.

2_resize

Секој од овие елементи игра улога во создавањето на малку романтични и разиграни дезени инспирирани од toile du jouy (вид украсен шаблон кој се состои од бела или прљаво бела, кој ги красел ормарите и ентериерите на Франција од 18 и 19 век), додавајќи допир на елеганција во вашиот дом. Колекцијата Aquarius веќе е достапна за нарачка на веб-страницата на Dior.

01_resize

5_resize

4_resize

03_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top