Секоја година во секое добро домаќинство доаѓа момент во текот на пролетта, кога почнуваме да ги чистиме нашите домови и градини од сите остатоци од долгата и студена зима.
Бидејќи „СОНЧЕВА – Земјата на сонцето“ е куќата во која живееме сите сосема е природно да направиме пролетно чистење на нашите домови, градини, улици, соседство… И тоа пролетно чистење го нарекуваме: „GENERALKA WEEKEND“.
Заедно со водечки стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак и нашите официјални партнери Нула Отпад , Шпаркасе Банка , ЕВН, Бучим, Макстил, Саубермахер, Костал, Зелс и Црвен крст , Мен енд Маунтен ја организираат оваа пролетна акција за чистење секој мај во период од 2021 до со цел да се исчисти нашата земја од отпадот од минатото и да го рециклира во зелена иднина за нас и генерациите кои доаѓаат.
Овогодинешната GENERALKA WEEKEND ќе се одржи помеѓу 9-11 мај 2025 година во сите општини на Македонија.
Поддржано од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство
Врз основа на меморандумот меѓу Министерството за земјоделство, Национални шуми и „Мен енд Маунтен“ од јуни 2022 година, Владата на Република Северна Македонија ја поддржува ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА во нивните годишни планови за пошумување со посветување на едно дрво за секои десет килограми собран отпад за време на GENERALKA WEEKEND.
Од 2021 година, повеќе од 44.000 волонтери од 51 општина собраа повеќе од 1.000.000 килограми отпад за време на настаните GENERALKA WEEKEND.
Од 2022 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шумизасадија повеќе од 125.000 дрвја во Велес, Петровец и Старо Нагоричане, а Мен енд Маунтен заедно со приватни донатори засади дополнителни 10.000 дрвја во 23 општини. Сите овие шуми се наречени„СОНЧЕВА ГОРА“.
Како можете да учествувате во GENERALKA WEEKEND и да ја изберете локацијата каде што сакате да учестувате можете да видите на овој линк.