Насловна / Арт и дизајн / Денес по повод 75. години ДЛУМ јубилејна изложба во Чифте амам и Мала станица

Денес по повод 75. години ДЛУМ јубилејна изложба во Чифте амам и Мала станица

Денес се отвора голема изложба по повод одбележувањеро на 75. години на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). По тој повод во два објекта на Националната галерија – Чифте амам и Мала станица ќе биде поставена изложбата на членовите на ДЛУМ од основањето до денес.

dl1

„На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кои го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација којашто ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј“, соопшти ДЛУМ.

Свеченото отворање ќе биде вечер во Чифте амам во 20 часот. Во согласност со антиковид-протоколите,  приемот на посетители ќе биде од 19 до 19:50 часот.

Истовремено ќе биде отворена за посетители и поставката во Мала станица.  Во двата галериски објекта изложбата ќе може да се посети до 12. декември 2021 година.

dl

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top