Насловна / Арт и дизајн / Денес во МСУ: Изложба „Демократии/Реализам“ на полскиот уметник Артур Жмијевски

Денес во МСУ: Изложба „Демократии/Реализам“ на полскиот уметник Артур Жмијевски

Во Музејот на современата уметност, Скопје, денес (1. декември ),  во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Демократии/Реализам“ на реномираниот полски уметник Артур Жмијевски.

На изложбата ќе бидат претставени две видеоинсталации, кои се составени од селекција на филмови од неговите капитални дела, инсталациите „Демократии“ и „Реализам“. Во рамките на изложбата ќе биде издадена и двојазична публикација во која, покрај осврт кон дела од изложбата, ќе биде објавен и превод на македонски јазик на култниот текст на Жмијевски, „Применета општествена уметност“.

aaa

Ова е прва самостојна изложба на Жмијевски во Скопје по неговото учество во рамките на интернационалната групна изложба „Сè што ни е заедничко“ во 2019 година, на  која се претстави со видеоделото „На отворено. Швиецие“.

aa

Артур Жмијевски (1966) е визуелен уметник кој живее и работи во Варшава, автор со богата уметничка кариера, кој е фокусиран на создавање инсталации составени од фотографија, филм и видео. Има изложувано на некои од најважните уметнички манифестации, како што се: Венециското биенале и Документа во Касел, а бил и куратор на Берлинското биенале во 2012 година.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а изложбата ќе биде отворена до 30 март 2022 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top