Насловна / Арт и дизајн / Дали сте знаеле дека „црни квадрати“ на Маљевич има всушност четири?

Дали сте знаеле дека „црни квадрати“ на Маљевич има всушност четири?

Првата „црна точка“ во уметноста е ставена во 1915 година. Казимир Маљевич го направил својот „magnum opus“ за култната футуристичка изложба „0.10“, каде што за прв пат она што го работел го крстил како супрематизам.

Сликата „Црниот квадрат“ на Маљевич е иконично уметничко дело што ја плени публиката повеќе од еден век. Прво дизајнирана како сценска завеса за операта „Победа над сонцето“, подоцна е прикажана на изложбата „0.10“ во Петроград. Црниот квадрат е повеќе од само слика; тоа е сосема нов вид уметнички предмет кој го предизвикал и револуционизирал начинот на кој луѓето ја гледаат уметноста. Маљевич го гледал ова дело како претставување на нова ера во уметноста, која почнува од нула. Тој го промовирал како знак на промена и со изложби и списи и го истакнувал неговото значење за неговите современици.

1

(1915)

Анализата со Х-зраци спроведена на Црниот квадрат открила две слики под неговите слоеви со црна боја, додавајќи уште еден слој на ова веќе контроверзно уметничко дело. И покрај различните ставови и дебати за неговото значење, Црниот квадрат останува едно од највлијателните дела во историјата на руската модерна уметност.

Накратко, Црниот квадрат на Казимир Маљевич е важно уметничко дело кое ги отелотворува револуционерните идеи развиени за време на супрематизмот, а истовремено е иконичен симбол во модерната руска уметност. Неговото влијание се протега надвор од чистата естетска вредност за да ги оспори перцепциите на луѓето за тоа што претставува „уметност“, правејќи ја и културно значајна и историски релевантна.

Но дали сте знаеле дека „црни квадрати“ има всушност четири? Вториот „Црн квадрат“ се појавил во 1923 година, како дел од триптих заедно со „Црн круг“ и „Црн крст“. Утврдено е мислењето дека го сликале учениците на Маљевич под негов надзор. Сликата се чува во Рускиот музеј.

22

(1923)

Третата варијанта од 1929 година е авторовото повторување на првата слика. Маљевич ја направил за својата ретроспективна изложба во Третјаковска галерија во Москва, по повод триесетгодишнината од неговото уметничко творештво, буквално содзавајќи ја повторно. Во оваа галерија се наоѓа и денес.

3

(1929)                   (1932)

Четвртата верзија на црниот квадрат е насликана три години пред смртта на уметникот, во 1932 година, за уште една изложба. Оваа верзија на сликата е во Ермитаж.

n

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top