Насловна / Вести / Кои зачински билки да ги одгледувате на балкон

Кои зачински билки да ги одгледувате на балкон

Ако сакате да одгледувате на балкон барем нешто што можете да го користите во готвењето, најдобро е да изберете зачински билки.

Однапред изберете место за саксиите, прицврстете ги да не паѓаат и подгответе лесен хумус, измешан со малку стиропор. Ако балконот е свртен кон сонце, еве кои растенија најмногу се препорачуваат.

nasss

Рузмарин – го сака сонцето и има потреба од најмалку шест часа директна светлина во текот на денот. Ова ароматично растение, идеално е за употреба во кујна, но и за подготовка на козметичко масло, бара лрастресита, песочна почва.

р1

Не го полевајте премногу често. На два-три дена, проверете ја почвата со прст – ако ви се лепи на кожата, сè уште не е време за полевање.

р2

Рузмарин можете да берете во текот на целата година, а мирисот му е најсилн пред цветањето – на пролет. Исечете ги ластарите долги до 15 см, а листовите можете да ги исушите и да ги чувате во хартиена кеса, на темно и ладно место.

Мајчина душица – се користи како лековито растение, но и во кулинарството. И ова растение не бара многу внимание, погодно е за растресита почва во која може да има дури и ситен чакал.

т

Колку повеќе сонце добива, толку е посилен нејзиниот мирис и можете да ја берете во текот на целата година. Не дозволувајте почвата да се исуши целосно, а повремено додавајте и малку течно ѓубриво.

t2

Жалфија – напредува на сонце, но и во сенка, со тоа што тогаш нејзиниот мирис нема да биде толку силен. Почетниците обично се изненадени кога ќе видат колку е привлечно ова растение, со прекрасни сиво-зелени листови кои изгледаат како да се покриени со сребро.

z1

Се користи како зачин, но и во топли напитоци. Ова прекрасно, грмушесто растение може да издржи суша, затоа избегнувајте да го „давите“ со често наводнување.

Се бере во текот на целата година и листовите може да се сушат или замрзнат за подоцнежна употреба.

zz

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top