Насловна / Вести / Црвено-бели ротирачки сирени на Емпајер Стејт Билдинг

Црвено-бели ротирачки сирени на Емпајер Стејт Билдинг

Врвот на Емпајер Стејт Билдинг, едно од најпознатите обележја на Њујорк, блеска во црвено-бело боја, со ротирачка сирена за да симболизира брза помош, во чест на медицинските работници.

SAD1
Облакодерот во центарот на Големото јаболко дебитираше со симболично светло шоу, а тоа ќе се повторува секоја вечер колку што трае пандемијата.
“Почнувајќи од вечерва преку борбата со Ковид-19, нашите бели светла ќе бидат заменети со бело-црвена сирена во чест и поддршка на херојски медицински професионалци на фронтот“, се наведува во официјалниот профил на зградата на Твитер.
“Емпајер Стејт Билдинг нè потсетува дека градот е во вонредна состојба“, напиша Рита Кинг. Таа вели дека целосно поддржува вакво нешто, но советува сирената да се замени со пулсирачки срцев ефект што, според нејзино мислење, ќе има смирувачки ефект врз граѓаните.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top