Насловна / Архитектура / Серии и документарци за архитектура достапни на Netflix

Серии и документарци за архитектура достапни на Netflix

Еден од начините да го пополните времето додека сте во изолација е гледање филмови и серии. Ви препорачуваме „мени“ на неколку наслови поврзани со архитектура и дизајн . Во продолжение ви препорачуваме неколку наслови на Netflix кои можете да ги погледнете.

1. Abstract: The Art of Design

Оваа документарна серија е врвна. Секоја епизода е конципирана да ве запознае со предизвиците на поединечни дизајнерски дисциплини и тоа преку разговор со едни од најголемите творци денес.

Во четвртата епизода гостува Bjarke Ingels, основач на архитектонското биро BIG, покрај со него, имате можност да се  запознаете и со големите „фаци“ од светот на био-архитектурата, сценографијата, дигиталниот дизајн и разни други области.

2. Grand Designs

Станива збор за долговечниот британски серијал, кој започнал уште во 1999. gодина, а неодамна доживеа реинкарнација на Netflix. Сeријалот прикажува домови на луѓе кои воглавном припаѓаат на среднata класа, а кои на различни на;ини успеале своите куќи или станови да ки претворат во несекојдневни.

3. Minimalism: A Documentary About the Important Things

Ако сте почитувач на мантрата „помалку е повеќе“ ова дефинитивно е серија за вас. Доколку сепак не се пронаоѓате во минимализмот, овој документарец ќе ве наведе да размислите за својот однос кон материјалното.

4. The World’s Most Extraordinary Homes

Во овој британски серијал, познат ТВ водителе патува по светот и престојува во некои од најнеобичните (и безобразно скапи) куќи. Помеѓу проектите кои можете да ги запознаете се:  747 Wing House (архитект David Randall Hertz), модерна куќа на дрво на планината Catskill (studio Gluck+), вкопана куќа на Медитеранот (biro GilBartolome) и  Villa Vals, куќата на Хобити на Алпите (Bjarne Mastenbroek и Christian Müller).

5. Amazing Interiors

Оваа серија ќе ве запознае со интересни ликови. Тука е на пример еден пензионер, поранешен нуркач, кој во својата дневна соба уградил голем базен. Ќе видите како изгледа кога цела куќа ќе им се подреди на мачки.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top