Насловна / Вести / Црните дупки – портали до други димензии!

Црните дупки – портали до други димензии!

Реномираниот научник Стивен Хокинг неодамна одржи предавање на универзитетот Харвард, каде што зборувал за астрофизика, поточно на тема црни дупки – за кои истакнал дека е можно да се портали до други димензии.

На предавањето, Хокинг изјавил дека информациите што се „вшмукуваат“ од страна на црната дупка, можеби се чуваат во некој паралелен универзум.black-hole

Физичарот ги споредил црните дупки со хард дискови, но откривањето на тоа како ги чуваат информациите е „една од најголемите мистерии која работиме да ја откриеме“, вели Хокинг.

Според Хокинг, информациите што ги вшмукува црната дупка е како запалена енциклопедија.

„Информацијата не е изгубена, ако го чуваш пепелот. Но тешко е да се прочита.“

Хокинг е дел од иницијативата на универзитетот Харвард, со уште неколку научници, за развивање на посебна истражувачка и едукативна програма за истражување на таканаречените црни дупки.

Испрати коментар

Scroll To Top