Насловна / Вести / Coldplay ја намалува емисијата на јаглерод диоксид на светската турнеја, со помош на кинетичката енергија од публиката

Coldplay ја намалува емисијата на јаглерод диоксид на светската турнеја, со помош на кинетичката енергија од публиката

Британската рок група Coldplay најави дека емисиите на CO2 на нејзината наредна светска турнеја, ќе бидат за 50% пониски отколку на претходната, благодарение на употребата на соларна енергија, биогориво, полниви концертни батерии, како и специјален под со кој кинетичката енергија од публиката која се генерира со нивните движења, ќе се трансформира во електрична енергија потребна за настапот.

coldplay2

 

Светската турнеја на групата е најавенa за 2022 година. Мобилната батерија за концертите, која е произведена во соработка со BMW, може да се полни и од други извори, вклучувајќи и рециклирано масло за јадење од рестораните, соларна енергија, како и електрична енергија од мрежа произведена од обновливи извори. Секаде каде што е можно,  Coldplay ќе користи електрична енергија од мрежата која потекнува од обновливи извори, а пред настапите ќе инсталира и соларни панели во и околу стадионот, кои ќе служат за полнење на концертните батерии. Групата ќе користи и одржливо биогориво за агрегатите, автобусите и камионите. Турнејата е исппланирана така што патувањето со авион ќе биде сведено на минимум.

coldplay1

Уште еден британски бенд,  Massive Attack, неодамна во соработка со Tindal центарот за истражување на климатски промени, креираше модел за намалување на емисиите во текот на музичките турнеи и концерти.

coldplay3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top