Насловна / Вести / Coca – Cola: Нова технологија, за помалку CO2 во воздухот

Coca – Cola: Нова технологија, за помалку CO2 во воздухот

Индустријата за производство на пијалоци е меѓу најголемите корисници на јаглерод диоксид  (CO2), со годишна потрошувачка на овој гас која достигнува 10 милиони тони. Производителите на газирани сокови и води го користат овој гас за добивање на познатите меурчиња во своите производи. Моментално, индустријата главно се потпира на  CO2  произведен од хемиски суровини. Меѓутоа, со развивање на технологијата за зафаќање и складиштење на CO2 од атмосферата (carbon capture and storage), компаниите како Coca – Cola, можат истовремено да ја вршат својата вообичаена дејност на производство на газирани пијалоци, но и да се посветат на заштитата на животната средина.  Coca-Cola се здружила со швајцарската компанија за чиста технологија  Climeworks  која го извлекува овој гас од воздухот, го прочистува и преработува со цел негово користење во водата Valser, која е во сопственост на оваа корпорација.

ccola3

ccola1

ccola2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top