Насловна / Вести / Јапонија: И спиењето на работа станува работна обврска

Јапонија: И спиењето на работа станува работна обврска

Јапонските работдавачи одлучија и спиењето на работното место да биде дел од работните обврски на секој вработен. Притоа, не се мисли на неколкуминутна дремка пред компјутерот, туку на располагање се добива соба за спиење. Работодавачите се одлучиле на овој чекор, откако новото истражување покажало дека поспаноста на вработените, која потоа влијае на работната ефикасност, ги чини јапонските компании дури 138 милијарди УСД годишно. Затоа,  работодавачите и јапонското Министерство за здравство предложиле половина час за спиење рано попладне во текот на работното време. Една јапонска IT компанија веднаш го прифатила овој предлог, па за своите вработени обезбедила две, како што велат самите „стратешки спални соби“.  Собите се опремени со уреди за блокирање на бучава, кревети и софи, а мобилните, таблетите и останатите слични уреди се најстрого забранети.

japan1

japan2

Испрати коментар

Scroll To Top