Насловна / Архитектура / Casa Pasiddhi во Мексико се врти околу градина

Casa Pasiddhi во Мексико се врти околу градина

Тимот предводен од Rojkind Arquitectos ја проектирал куќата Casa Pasiddhi, која се врти околу градина исполнета со растенија во мексиканската Hacienda de Valle Escondido.

3

Rojkind Arquitectos го проектирале домот во соработка со архитектите Agustin Pereyra и Inocente Colectivo.

Објектот е организирана околу елемент во „форма на змија“ – издигнат премин кој кружи околу центарот на градината. Ова создава впечаток дека куќата лебди над пејзажот.

16

Всушност, распоредот е повеќе како серија мостови што ги поврзуваат просторите за живеење на приземје и на првиот кат.

„Концептот е одреден од желбите на клиентот за приватност, како и желбата да се живее опкружен со градини“, објаснува Pereyra. Исто така, вели дека подигнатата патека во голем дел е прилагодување на формата на падот на теренот на локацијата.

10

4

„Елементот е кривулест“ го опкружува и засолнува градинарскиот елемент во средината на имотот.

Ефектот е нагласен со изборот на материјали. Додека просторите за живеење се застаклени и отворени, преминот е сместен во масивен волумен од црн бетон.

6

Кровните прозорците овозможуваат светлината да се филтрира одозгора, овозможувајќи осветлувањето да биде подинамично.

Собите се организирани во различни самостојни зони. Идејата е да му се даде на семејството флексибилност за во иднина, со што ќе се овозможи дел од куќата да се одвои и да се издава.

11

Блокот во приземјето содржи голема дневна соба, кујна и трпезарија, плус помошни простории што водат на задната тераса.

Горното ниво содржи мешавина од соби за одмор, спални соби и простори за учење.

На ниво на катот достапен е и кровот. Еден од сопствениците е инструктор по јога и овде одржува часови.

9

„По влегувањето во куќата, се открива главната градина, на која се сконцентрирани сите погледи и активности на семејството“, вели Pereyra за Dezeen.

„Од овој простор се пристапува на горниот кат, каде што по пат дискретно се појавуваат различните простори“.

14

„Разновидноста на просторите, изолираноста меѓу нив, можноста за автономен пристап до различни делови од куќата и поврзување на местата на соживот – ни овозможуваат да замислиме бројни методи на заеднички живот, на пример, кога децата ќе пораснат и ќе си заминат во своите домови“.

„Додека одите низ Casa Pasiddhi, можете да ги замислите можностите за заеднички живот“, вели Pereyra.

5

2

1

12

13

7

17

24 19 20 21 22 23

Испрати коментар

Scroll To Top