Бугарската компанија IPS ја отвори првата полуавтоматизирана фабрика за батерии и планира до 2027 година да достигне вкупен капацитет од 15 GWh. Проектот вклучува изградба на уште една целосно автоматизирана фабрика од 10 GWh, со поддршка на Европската комисија и партнери од Полска. Кога ќе биде во полн погон, Бугарија би можела да задоволи до 15% од европските потреби за складирање на енергија во батерии.

Полскиот партнер на компанијата IPS, MM Energy, донел инвестициска одлука за изградба на фабрика од 10GWh во Полска, која ќе произведува батерии користејќи технологија лиценцирана од IPS. Претходно оваа година, Бугарија се придружи на Германија и Шведска на стратешката листа на Европската комисија за забрзан развој на индустријата на чисти технологии според Законот за индустрија со нулта емисии (NZIA), кога проектот на IPS, BG EXERON X-BESS официјално е избран како стретешки проект.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија