Вo склоп на официјалното затворање на XXII Биенале на македонската современа архитектура во Музејот на современа уметност-Скопје, покрај главната награда Гран При, која отиде во рацете на бирото „Параметар“ за објектот Мултинаменски комплекс во Скопје, жирито додели и награди за проекти и реализирани објекти за секоја од категориите.

КАТЕГОРИЈА: УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ И ПРОЕКТИ
- Плакета Студио Архитектура Нова – за проектот Тихо Јавно: Меѓу пејзажот и заедницата (Автори: Марија Димитриевска Цилакова, Даница Јурумовска, Маја Димитриевска, Милка Гочевска, Ангела Кузмановска)
- Награда Тајфа Архитекти – за Детален урбанистички план за Урбана единица Проевце, Блок-22, Куманово (Автор: Стефан Лазаревски, диа)


КАТЕГОРИЈА: РЕАЛИЗАЦИИ ОД ОБЛАСТА ЕНТЕРИЕР И ДИЗАЈН
- Плакета – БМА студио (Автори: Бесиан Мехмети, Стефан Атанасоски, Емилија Стјаноска, Даме Јовановски, Бане Стојановски, Астрит Азири, Албан Мема, Христина Мијалчева)
- Награда – Ентериер на книжарница Литература.мк (Автори: Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ Муратовска, Веле Богоевски, Ана Момировска и Јосиф Николовски)


КАТЕГОРИЈА: АРХИТЕКТОНСКИ ПРОЕКТИ
- Плакета – Хотел „Св. Мартин“ (Автори: Пако Радовановиќ, Јасмина Димова)
- Награда Индустриски објект за преработка на овошје од Студиото Параметар (Автори: Методи Хаџи-Андов, Игор Сугарчев, Димитар Стефановски, Сашо Андријевски)

КАТЕГОРИЈА: АРХИТЕКТОНСКИ РЕАЛИЗАЦИИ
- Плакета – Куќа ФБ (Автори: Бесиан Мехмети, Стефан Атанасоски, Даме Јовановски, Христина Мијалчева, Емилија Стојаноска, Урош Николоски, Бане Стојановски, Астрит Азири. Соработници: Благоја Димитриески, Кристијан Гошев)
- Гран при – НОМАГАС Главен административен и сервисен центар од Студиото Параметар (Автори: Методи Хаџи-Андов, Игор Сугарчев, Сашо Андријевски, Димитар Стефановски.
Им честитаме на наградените и им посакувме понатамошен успех!

фото: КИРО ПОПОВ
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија