Насловна / Вести / Бугарија го прекинува увозот на руско нуклеарно гориво за НЕ „Козлодуј“

Бугарија го прекинува увозот на руско нуклеарно гориво за НЕ „Козлодуј“

Во нуклеарната електрана „Козлодуј“, неодмана е одржана официјална церемонија по повод имплементацијата на алтернативно гориво, во присуство на бугарскиот премиер, министерот за енергетика и амбасадорот на САД во Бугарија. Притоа во блокот 5, на оваа нуклеарна електрана, поставена е последната од првите 43 касети нуклеарно гориво на американската компанија Westinghouse. Планирано е блокот повторно да биде пуштен во работа на 9-ти јуни.

Досега бугарската нуклеарна централа работеше со руско гориво, а сега за првп пат во својата педесетгодишна историја ќе користи гориво од САД. Бугарија работи и на нова стратегија за користење на нуклеарно гориво.

Испрати коментар

Scroll To Top