Насловна / Архитектура / Бруталистичките ентериери на Белград во фокусот на изложба во Лисабон

Бруталистичките ентериери на Белград во фокусот на изложба во Лисабон

Во град полн со архитектонска различност, модернистичките структури на српската престолнина и даваат уникатен карактер. Сивилото на бруталистичкиот бетон е една од архитектонските обележја на градот, кое постои и во сложени волуметриски фасади и во монолитни праволиниски форми.

Но, иако имаше многу архитектонски проценки за надворешните квалитети на бруталистичките згради во Белград и пошироко, фотографската документација на бруталистичките ентериери во градот е релативно ретка – нешто што португалската фотографка Инес д’Орај сакаше да го промени со својата нова изложба, пишува ArchDaily.

3

 

Во моментов изложена во Galeria das Salgadeiras во Лисабон, изложбата „Белградски бетон“ настаната е од уметничката резиденција на Инес д’Ореј во Белград, каде што фотографката документирала разновидна палета на ентериери на белградските бруталистички згради – од јавни згради до канцеларии и училишта.

1

6

Магацин на компанијата „Сава“

Она што е видливо на овие фотографии е неверојатната разновидност на пристапи кон дизајнот на ентериерот – понекогаш во директна врска со надворешноста на структурата, а понекогаш во она што се чини дека е во директна спротивност со неа, вели Инес.

Сведоштво за последново најјасно е видливо во Палатата Србија на Нов Белград. Конструкцијата во форма на буквата H се состои од фасада изработена од бел мермер, која ја нагласува линеарната форма на објектот, разбиена со комбинација на потенки и пошироки прозорски отвори.

Една посебна просторија сеопфатно отстапува од надворешниот амбиент на Палатата Србија – нејзиниот салон. Големата соба – со димензии 40 на 20 метри – содржи живописни фрески и мозаици, избор што ја прави просторијата уште помонументална, се вели во каталогот на изложбата.

Меѓутоа, средишниот дел на просторот е поставено над овие уметнички дела – скулптурален лустер кој некои го сметаат за најголем во светот, пишува ArchDaily.

pal

Палатата Србија 

Составено од преку 4.000 светилки, ова радијално тело е позиционирано со стаклена купола, што резултира со геометриска интеракција на светлината што детално ја фатила д’Ореј, зумирајќи ги сложените модели кои обично не се поврзани со бруталистичкиот стил.

Но, иако Белград има згради како што е кулата Генекс, станбени кули кои ја сочинуваат Источната порта на Белград и веќе поменатата Палата Србија, бруталистичките икони може да се најдат и во објекти со помал обем.

Основното училиште именувано по српскиот писател Радоеј Домановиќ, според бруталистичките стандарди, е скромна двокатна зграда која се состои од три седумаголни полигони споени заедно.

Фотографијата од училиштето претставена на изложбата на Инс д’Ореј направена е во една училница, каде што гледаме осамен стол на под со плочки.

Покрај ОУ „Радоје Домановиќ“ се наоѓа и зградата „телевизорка“ – белградски бруталистички ориентир во форма на праволиниски блок со прозорци налик на капсули.

8

rad

ОУ „Радоје Домановиќ“ 

Основното училиште има карактеристика на внатрешен дизајн вообичаен за бруталистичките знаменитости – големи прозорци, кои во случајот на седумаголниот распоред на училиштето ги затвораат аголните погледи на околниот контекст.

Додека многу бруталистички згради можат да се карактеризираат со „тежината“ на нивниот сив бетон, големите прозорци налик на рамки често делувале како корисен метод за „осветлување“ на просторот што инаку би бил преплавен од грубата текстура на бетонот.

Останатите фотографии на изложбата на Инес д’Ореј претставуваат понатамошна документација за белградските бруталистички ентериери – од кои некои се празни, некои опремени со скромна количина мебел, а некои илустрирани со ритмички скали.

Во монументален стил сличен на Палатата Србија, Хотел Југославија е исто така дом на динамична интерпретација на бруталистичкиот ентериер, но со модерно реновирање и опремување на просториите, предизвикано од бомбардирањето на НАТО во 1999 година и подоцнежната приватизација на хотелот. Ова на некој начин дополнително ја подобрува слоевитоста на внатрешноста.

5

7

Факултет за драмски уметности

Просторите од југословенската ера кои останаа недопрени имаат посебен дизајн на ентериери од средината на векот, со фотографии од 80-тите кои прикажуваат екстравагантен мебел.

Сава центар е најголемата конгресна сала во земјата. Однадвор, тоа е интересна зграда со закосена стаклена фасада и сив бетон. Отворен во 1979 година, неговите ентериери имаат широк спектар на изгледи, можеби како резултат на неговата употреба како културен, конференциски и деловен центар.

ss

Сава центар

Среде големи, но интимни сали за состаноци и врвни ресторани, Сава центар има и „индустриски“ мотив кој потсетува на парискиот центар Помпиду. Ова е највидливо во фоајето, каде што пространата област со отворен план е обвиена со обоени цевки на плафонот, што повеќе потсетува на нешто механичко отколку на нешто грандиозно, се наведува во каталогот за изложбата.

Во градот полн со бруталистички знаменитости, бруталистичките ентериери на Белград, исклучително разновидни по изведба и стил – некои напуштени, а некои сè уште во секојдневна употреба – дополнително го осветлуваат тоа како ова архитектонско наследство егзистира во современ контекст.

2

4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top