Насловна / Арт и дизајн / Утре Skopje Light Festival 2022

Утре Skopje Light Festival 2022

Над 12 светлосни инсталации и перформанси, надополнети со шест диџеи и „чил“ зона на овогодинешниот Skopje Light Festival.

6_resize

Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видеопроекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот од 2. до 3. септември со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите.

Темата на овогодинешниот SKOPJE LIGHT FESTIVAL е рефлексијата која нѐ поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат.

8_resize

На 5-то издание учество ќе земат авторите: Рубин Трајковски – име проект, Анета Стојчевска, Зоран Тошевски, Бобан Манов, Мартин Димитријев, Т33 креатив енд ко, Ана Трајковска, Кристина Пауновска- Гиразова, Елизабета Тошевска и Перо Кованцалиев. Исто така, ќе имаме можност да ги видиме и учениците од ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски”. Со своја инсталација ќе се престави и тимот на светлосни дизајнери при матичната институција, а во специјално дизјанираната „чил“ зона посетителите на фестивалот ќе ги забавуваат диџеите Бранчез, Зоки Бејбе, Вишко, Сашо-Узун, Томи Бојаџи и Маци Стојановиќ.

7_resize

„Со цел да одговориме на предизвиците на енергетската криза, а да не го донесеме во прашање одржувањето на фестивалот, бројот на фестивалски денови e сведен на само 2 дена, сите инсталации и перформанси се со ЛЕД осветлување и имаат минимална потрошувачка, а граѓаните на Скопје ќе можат да уживаат во ова културно збиднување исто како сите граѓани на големите европски метрополи, кои и во овие моменти на енергетска криза ги одржуваат фестивалите во полн сјај“, велат организаторите.

1_resize

Настанот е во организација на ЈУ Универзална Сала, финансиран од Град Скопје, а поддржувачи на настанот се: Државна лотарија, Антена 5 радио, Фондацијата Јунус Емре и Маратон Груп.

0_resize

Испрати коментар

Scroll To Top