Насловна / Вести / Британска фирма добива гориво зафаќајќи метан од хидроакумулации

Британска фирма добива гориво зафаќајќи метан од хидроакумулации

Од 51 милијарда тони гасови со ефект на стаклена градина, три милијарди потекнуваат од водата. Тој гас е одговорен за 30% од глобалното затоплување, од почетокот на индустриската револуција. Во првите 20 години од испуштањето во атмосферата, метанот има 80 пати посилен ефект отколку јаглеродниот диоксид. Меѓународната агенција за енергетика (IEA), го определи намалувањето на емисиите на метан за главна краткорочна мерка во борбата против климатските промени. Интересно е дека овој гас се појавува и при распаѓањето на органски материи под браните и во слоевите на дното на езерата и други неистечни води. Во хидроцентралите, низ турбините освен вода минуваат и многу гасови со ефект на стаклена градина, кои се ослободуваат при процесот.

1_81

Група научници во стартапот Bluemethane, работи на развој на технологија која зафаќа метан од акумулациите и го користи како енергент, со што спречува да биде испуштен во атмосферата. „Метанот може да оксидира и да стане јаглерод диоксид за околу 12 години, па доколку денес ги намалите емисиите на метан, би можеле да влијаеме на глобалното затоплување веќе во текот на својот живот“, рекла за BBC генералната директорка и коосновачка на стартапот Луиз Парлонс Бентата. Технологијата е развивана на Универзитетот во Кранфилд, а ќе биде тестирана во United Utilities,компанија за управување со водовод и отпадни води во северозападна Англија. Во тој сектор, процесот на анаеробна декомпозиција веќе се користи за добивање на гориво: микроорхганизмите го разградуваат биоразградливиот материјал без присуство на кислород и создаваат биогас.

1_82

Во компанијата велат дека нивната технологија многу лесно може да се интегрира во постоечката инфраструктура. Постројките за пречистување на отпадни води, пиварите и призводителите на целулоза можат ан лице место да произведуваат енергија и истовремено да ги намалат емисиите. Bluemethane нагласува дека метанот сеуште не се мери во оној обем во кој би требало, иако е одговорен за една третина од глобалното затоплување. Во оваа област е насочено само 2% од финансирањето наменето за забавување на климатските промени и прилагодување кон нив.  Емисиите на метан од водените акумулациии се многу ретко изучувани. Браните се едни од најголемите извори на овој гас, па затоа Bluemethane испитува 20 акумулации ширум светот. Метанот извлечен од водата може да се користи како биогас за производство на електрична енергија или да се преработи во биометан и да се користи за греење, производство на електрична енергија или гориво за возила. Една од можностите е и преработка во водород. Иако при овие процеси се ослободува јаглерод диоксид, сепак неговиот ефект врз климата е многу помал отколку оној кој го има метанот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top