Насловна / Вести / Белградски енергетски форум 2024, на 13-ти и 14-ти мај

Белградски енергетски форум 2024, на 13-ти и 14-ти мај

Конференцијата „Белградски енергетски форум“, е регионална енергетска конференција која ја организира порталот Balkan Green Energy News. Ќе се одржи на 13-ти и 14-ти мај во хотелот Crowne Plaza во Белград, и опфаќа богата програма, панел дискусии, презентации и интервјуа на сцена. Организиран е и изложбен дел со штандови. Министерството за рударство и енергетика на Република Србија е традиционално институционален покровител на овој настан.

??????????????????????????????????????????????????????????????????????????

На конференцијата се очекуваат над 400 учесници од регионот, Европа и светот – министрите за енергетика и нивните тимови, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски, претставници на институциите на Европската унија и водечките европски енергетски здруженија, како што се Energy Traders Europe (до неодамна познат како EFET), WindEurope, SolarPower Europe, Светската нуклеарна асоцијација. Меѓу учесниците се наоѓаат и компании кои развиваат електрани на ветер на копно и на море, како и соларни електрани, инвеститори, оператори на преносни и дистрибутивни системи, трговци со електрична енергија, производители на опрема, меѓународни финансиски институции и комерцијални банки. Особено привлекуваат внимание осумпте тематски панел дискусии на различни теми кои ја засегаат енеретската транзиција.

 

Испрати коментар

Scroll To Top