Насловна / Арт и дизајн / Британскиот музеј разговара со Грција за враќање на скулптурите на Партенон

Британскиот музеј разговара со Грција за враќање на скулптурите на Партенон

Британскиот музеј потврди дека е вклучен во „конструктивни разговори“ со Грција за враќање на одредени мермерни артефакти на Партенон.

„Активно бараме ново партнерство за Партенон со нашите грчки пријатели за да ја започнеме новата година со конструктивни разговори“, се вели во соопштението на музејот.

b

Еден грчки министер минатиот месец потврди дека разговорите меѓу директорот на музејот Џорџ Озборн и грчката влада траат повеќе од една година, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Весникот наведува дека во последниве месеци се повеќе се шпекулира дека може да има договор за враќање на некои мермерни скулптури изложени во Британскиот музеј од 1832 година, откако британскиот дипломат Лорд Елџин на контроверзен начин ги одзел од Партенон.

b2

Според пишувањето на британски Телеграф, двете страни се блиску до договор за враќање на одредени мермерни предмети на Партенон во форма на позајмица на почетокот на оваа година.

Како што наведува „Гардијан“, заемот не би ја задоволил грчката и меѓународната јавност, која во последните години бара трајно враќање на мермерните артефакти и наведува дека минатиот месец Ватикан и вратил три скулптури од Партенон на Грција, во знак на „конкретна желба на папата Франциско да се следи патот на вистината“.

b1

Грција инсистира мермерните артефакти трајно да се вратат на Партенон, но Британскиот музеј досега остануваше цврсто на ставот дека каков било договор може да вклучува само позајмица на артефактите, наведува „Гардијан“, додавајќи дека британската влада минатиот месец соопштила дека нема намера да го менува Законот за британскиот музеј, односно законот што го спречува музејот трајно да враќа која било од своите збирки, освен во посебни околности.

Музејот минатиот месец објави дека нема намера да ја „распарчи својата голема колекција која раскажува уникатна приказна заедничка за целото човештво“.

Испрати коментар

Scroll To Top