Насловна / Архитектура / Кула која нуди широк поглед на природната средина

Кула која нуди широк поглед на природната средина

Marsk („мочуриште“) кулата може да се нарече скулпторски уметнички објект кој гордо се издига од исклучително едноставниот дански пејзаж. Целта на оваа зграда е да служи како клучна туристичка знаменитост, а благодарение на интересниот дизајн зрачи со природна естетика која е совршено потопена во околината.

kula

Дефинирана со материјалот од кортен челик, кулата се состои од двојна спирала која овозможува два пристапа во исто време, односно ротирачки челични скали и лифт, со што им овозможува на посетителите да се качуваат и спуштаат по една спирала од земјата до небото – поврзувајќи ги мочуриштата со Ваденско Море.

kula1

Поради заобленоста на тлото, посетителите постепено ќе го прошируваат погледот на хоризонтот додека одат кон врвот на кулата. Во подножјето на кулата може да се види до четири километри во далечина, но од врвот на кулата погледот се проширува на дури 18 километри. Скалите се прошируваат до врвот на кулата, создавајќи видиковец од 110 квадратни метри со поглед на Есбјерг, островите Ромо и Силт и надвор од Ваденското Море.

kula2

Marsk кулата е еден вид искуствена дестинација која претставува уникатен пејзаж од нова перспектива на туристите ширум светот. Националниот парк Ваденско Море е еден од последните преостанати големи меѓуплимни екосистеми во светот и е нашироко познат по својата единствена природна средина.

kula3

kula4

kula5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top