Насловна / Архитектура / Бајковит стакленик во облик на дијамант, се трансформира во круна

Бајковит стакленик во облик на дијамант, се трансформира во круна

Познатата британска компанија Heatherwick Studio неодамна ја заврши работата на импресивниот кинетички стакленик. Наречен Glasshouse, проектот личи на голем дијамант кога е затворен, а се отвора во привлечен облик на круна. Glasshouse е создаден за National Trust, добротворна организација посветена на зачувување на наследството во Англија, Велс и Северна Ирска, а се наоѓа на работ на Woolbeding Gardens во Западен Сасекс во Англија. Неговиот дизајн е инспириран од терариумите од раната викторијанска ера.

glasshouse2

glasshouse3

glasshouse4

Во текот на ладното време останува затворен со цел да ги заштити растенијата внатре, додека во топлите денови полека се отвора со помош на хидрауличен систем, а селиот процес трае околу 4 минути. На овој начин стакленикот се трансформира во отворена конструкција налик на круна, изложувајќи ги растенијата на свеж воздух и обезбедувајќи им идеална температура. Внатрешноста на стакленикот има 141 метри квадратни и во моментот се користи за одгледување на ретки и осетливи растенија. Овде можат да се најдат над 300 видови растенија и дрвја, а се е иснпирирано од некогашниот Пат на свилата. Биле потребни шест месеци овој проект да се развие, изгради и тестира, како и да се засадат растенијата. Тоа е втор мал проект на Heatherwick Studiо во последно време, после Tree of Trees во Вестминстер. Компанијата неодамна ја завршила работата на поголемиот и поамбициозен проект, односно на главното седиште на Google во силиконската долина, во соработка со BIG.

glasshouse6

Испрати коментар

Scroll To Top