Насловна / Арт и дизајн / Мајката на Леонардо да Винчи била робинка од Кавказ

Мајката на Леонардо да Винчи била робинка од Кавказ

Мајката на Леонардо да Винчи била робинка, која нашла начин да се ослободи по пристигнувањето во Италија, тврди Карло Вече, професор на Универзитетот во Неапол.

Своето тврдење го заснова на документ што го нашол во Државниот архив во Фиренца, во кој се споменува Катарина, со черкеско потекло, која била донесена од Кавказ како робинка во Фиренца во 1452 година и која била ослободена со тапија потпишан од Пјеро да Винчи, таткото на Леонардо.

lll

„Мајката на Леонардо била девојка од Черкеска (денешна јужна Русија) која во еден момент од својот живот била киднапирана и продадена како робинка неколку пати се додека не пристигнала од Цариград во Венеција. А потоа во Фиренца, каде што го запознала таткото на Леонардо да Винчи“, вели Вече, кој инаку е и истражувач на ренесансната цивилизација.

Тој вели дека документи за тоа биле пронајдени пред неколку години и дека оттогаш почнал да ги проучува за да докаже дека таа робинка не била мајка на Леонардо, но вели дека сите докази оделе во спротивна насока, особено документот за ослободување.

ll

Како што вели, Катарина пристигнала во Фиренца благодарение на еден фирентински авантурист по име Донато, кој пред својата смрт во 1466 година оставил пари на манастирот Сан Бартоломео а Монте Оливето за изградба на семејна капела, а токму за оваа црква Леонардо го насликал своето прво дело Благовести, во кое се гледа влијанието на неговата мајка.

„На сликата се гледа планина и морски град, Катарина можеби му раскажувала за местата од нејзиното детство. Таа на Леонардо му оставила големо наследство, секако духот на слободата, најголемата желба на робот. Во делото на Леонардо, всушност, наоѓаме идејата за слобода пред се“, вели Вече.

Испрати коментар

Scroll To Top