Насловна / Вести / Бил Гејтс од Давос: Оптимистичен за развојот на вештачката интелигенција

Бил Гејтс од Давос: Оптимистичен за развојот на вештачката интелигенција

Не е тајна дека Бил Гејтс е оптимистичен кога станува збор за развојот на вештачката интелигенција. Тој предвидува дека технологијата ќе биде подложна на промени и адаптација за сите – во следните пет години.

Подемот на вештачката интелигенција предизвика стравувања дека технологијата ќе елиминира милиони работни места ширум светот. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) неделава објави дека растот на вештачката интелигенција може да влијае на околу 40 отсто од работните места ширум светот. Гејтс не се согласува со таа идеја, верува дека историјата покажува дека со секоја нова технологија доаѓа страв, а потоа нова можност.

b3

„Како што имавме со земјоделската продуктивност во 1900 година, луѓето велеле: „Еј, што ќе прават луѓето тогаш? Всушност, создадени се многу нови работи, отворени се многу нови категории на работни места и нам ни е многу подобро отколку кога сите работеле на фарма. Ова ќе биде исто“, предвидува Гејтс.

Во интервјуто кое го даде од Давос за Си-Ен-Ен, Гејтс предвидува дека вештачката интелигенција ќе им го олесни животот на сите, особено укажувајќи на помош на лекарите во смисол на нивната евиденција, што како што вели Гејтс е „делот од работата што не им се допаѓа и што можеме да го направиме многу поефикасен“.

b2

Бидејќи нема потреба од „многу нов хардвер“, Гејтс вели дека пристапот до вештачката интелигенција ќе биде преку „телефон или компјутер што веќе сте го поврзале преку интернет конекција што веќе ја имате“.

Исто така рече дека подобрувањата со OpenAI ChatGPT-4 биле „драматични“ бидејќи тој „во основа знае да чита и пишува“, така што „речиси е како да имате учител кој дава здравствени совети, помага во пишување, помага околу повици и техничка поддршка.“

b4

„Фантастично“ вклучување

Гејтс рече дека вклучувањето на таа технологијата во образовнието или медицината ќе биде „фантастично“.

„Мајкрософт има партнерство вредно повеќе милијарди долари со OpenAI“. Гејтс сè уште е еден од најголемите акционери на таа компанија.

„Целта на Фондацијата Гејтс е да осигура дека разликата помеѓу придобивките за луѓето во сиромашните земји и оние во богатите општества да биде што е можно помала и да се изедначена. На крајот на краиштата, недостигот на лекари и наставници е многу поакутен во Африка отколку на Запад“, додаде тој.

ММФ во својот извештај оваа недела имаше многу помалку оптимистички став. Групата рече дека вештачката интелигенција ќе ја продлабочи нееднаквоста без интервенција од политичарите.

b1

Гејтс вреди 140 милијарди долари, што го прави четвртиот најбогат човек во светот, според индексот на милијардери на Блумберг. Но, тој веројатно сè уште би бил најбогатиот човек на светот доколку не се обврзеше дека ќе ги донира своите пари, а во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека не се грижи дали ќе го загуби своето богатство.

Коосновачот на Мајкрософт, кој неодамна накратко го надмина Apple по вредност, и неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс, ветија дека ќе го донираат најголемиот дел од своето богатство на фондацијата што заедно ја основаа пред 20 години, како и на други филантропски претпријатија.

Во 2022 година, Гејтс ја објави намерата на фондацијата да дава девет милијарди долари годишно до 2026 година. Тој рече дека е „возбуден што ќе има толкаво влијание“ врз организациите на кои ќе им донира средства.

Со стапка од девет милијарди долари годишно, Гејтс предвидува дека ќе ги даде сите свои пари за околу 20 години.

Испрати коментар

Scroll To Top