Насловна / Архитектура / Видиковец на Snøhetta во ски-центар во Австрија како почит кон Алпите

Видиковец на Snøhetta во ски-центар во Австрија како почит кон Алпите

Со цел да се прослави десетгодишнината од скијачкиот центар Alpbachtal, прекрасното австриско село на тиролските Алпи, раководството на оваа скијачка област инвестираше во новата жичарница Hornbahn 2000, со што го замени застарениот ски-лифт, но и го ангажираше прославеното норвешко биро Snøhetta да проектира видиковец на врвот на сервисната просторија.

3

Објектот наречен Top of Alpbachtal е висок 13 метри и конструктивно е целосно направен од дрво, додека фасадата е изведена од камен – што е во целосен склад со алпската традиција на градењење.

6

Дизајн во дијалог со алпскиот пејзаж

„Дрвените објекти имаат долга традиција во регионот Alpbachtal. Ни беше сосема очигледно дека треба да ги користиме тие референци за да создадеме модерна интерпретација. Врз основа на традиционалните методи на градба, успеавме да креираме структура која е реализирана на начин што заштедува ресурси и што е можно поодржлива“, вели архитектот Патрик Лит.

1

„Што е подеднакво важно, успеавме и да развиеме дизајн кој е во дијалог со алпскиот пејзаж“, додаде за ArchDaily партнерот и директор на канцеларијата на Snøhetta во австрискиот град Инсбрук.

Новата структура од 316 квадратни метри, која се стеснува на врвот, е обложена со дрвени даски добиени од локален производител.

8

Примарната идеја била просторијата со панорамски поглед да им биде достапна на скијачите, како и на сите луѓе кои ја користат планината за да се санкаат во зима или да шетаат во лето во овие предели.

4

Традиционалните села како инспирација

Поминувајќи покрај контролната соба за жичарницата, која е сместена во бетонската основа на објектот, посетителите доаѓаат до салонот, кој е отворен за јавноста.

Дизајнот на овој панорамски простор на првиот кат од објектот инспириран е од традиционалните тиролски села.

2

Долниот дел од двокатната соба е обложен со дрвени ѕидни облоги и упатува на традиционалните сали, додека во горниот дел е видлива кровната конструкција, што алудира на традицијата на земјоделските објекти.

Неформалната организација на просторот на панорамската соба им овозможува на корисниците да изберат место каде што ќе уживаат, ќе се одморат и ќе направат пауза без потреба да консумираат било што.

5

Поглед на Алпите од 360 степени

Овој објект претставува засолниште од ветрот, но не е загреан простор. Примарната цел била да се креира место за кратка пауза и преку големите прозорци корисниците да уживаат во погледот на прекрасниот околен пејзаж.

9

Кога посетителите ќе се искачите на самиот врв на видиковецот, можат да уживаат во свежиот воздух во поглед од 360 степени на алпскиот пејзаж.

10 12

Испрати коментар

Scroll To Top