Насловна / Архитектура / BIG SEE настан во Љубљана, доделени Гран При и пет награди за проекти од Македонија

BIG SEE настан во Љубљана, доделени Гран При и пет награди за проекти од Македонија

На 15.и 16. мај, во Љубљана се оддржа овогодинешниот BIG SEE настан, во чија програма беа повеќе изложби, дебати, презентации и конференции. Двоневниот настан заврши со свечената церемонија на доделување на Гран При наградите за архитектура и ентериер во Гранд Хотел Унион во Љубљана.

Во дел од програмата на BIG SEE во Љибљана земаа учество македонски претставници. Првата дебата во која беше вклучен деканот на Архитектонскиот факултет – Скопје, Проф. д-р. Огнен Марина, ја опфаќаше темата „Неформалноста во формалното образование – Експериментални методи во архитектонската педагогија“.

Втората дебата на која на која во име на Градот Скопје учествуваше Ивана Бајкова Шаља беше со тема „Управување со комплексна врска помеѓу политиката и архитектурата“.

Претседателката на Комората на овластени архитекти и инженери, М-р Кристинка Чулак учествуваше на дебатата насловена „Архитектонски конкурси: Игра на границите на возможното“. Во контекст на оваа тема, присутнитните имаа можност да се запознаат со условите на домашната сцена, недостатокот на конкурси чиј краен резултат е реализирање на победничкиот проект, како и за одредените раздвижувања изминатите години. Низ паралелата на последните поголеми конкурси „Треска“ и „Расадник“ се прикажаа двата примери, еден со неуспешен крај и покрај притисокот на јавноста и другиот кој сеуште поседува потенцијал за соодветна реализација.

Во кратки црти беа спомнати и сите позначајни домашни вреднувања и награди на архитектонскиот труд, вклучувајќи ги оние на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Комората на овластени архитекти и инеженери.

BIG SEE Гран При 2024 – Архитектура

Ви ги претставуваме добитниците на Гран при во различни категории

  1. Образовни објекти – градинка во Вилнус, Литванија

2. Јавни, културни објекти и инфраструктурни објекти – Пирамидата во Тирана, Албанија

3. Туристички објекти – Засолниште, Јужен Тирол, Италија

4. Спорт и рекреација – Sankt Michael im Lungau, Австрија

5. Индустриски објекти – фабрика во Лисабон, Португалија

6. Јавен простор и пејзаж – Benjakitti Forest Park, Бангкок, Тајланд

7. Индивидуално домување – stadel conversion WET, Австрија

8. Домување во станбени згради – ЕККО, Бород, Франција

BIG SEE Гран При 2024 – Ентериер

  1. Домување – The 45° Apartment Renovation, Никозија, Кипар

2. Малопродажба – Tase Retail Store, Тирана, Албанија

3. Угостителство – AFTR restaurant, Љубљана, Словенија

4. Работен простор – RIVA DIVA, Виена, Австрија

5. Здравство – Детска поликлиника Salvea, Загреб, Хрватска

И останатите учесници се наградени меѓу кои и пет проекти од Македонија

  1. Домување – Семејна куќа „Хоризонтала“, Скопје

2. Домување – Семејна куќа, Неготино

  1. Индустриски објекти – Производствен погон и деловен простор, Скопје

  1. Деловен простор МТЕЛ, Скопје

5 Дигитална библиотека, Балкански универзитет, Скопје

Photography for Simetrion Studio – IBU Library Skopje
Photo by Vase Amanito
copyright © 2023 Vase AMANITO, All rights reserved

Испрати коментар

Scroll To Top