Насловна / Арт и дизајн / Кревет од соништата? Има голем екран и звучници!

Кревет од соништата? Има голем екран и звучници!

Пред спиење најмногу сакате да гледате епизода од омилената серија? Можеби имате други планови пред спиење, но ако сепак се одлучите за серија, овој кревет навистина ќе ви се допадне.

5_resize

Италијанскиот архитект и дизајнер Fabio Vinella создал уникатен кревет, наречен HiBed, кој има неколку скриени опции. Овој модерен кревет користи своја апликација за да му овозможи на корисникот да се поврзе со проектор преку кој може да прикажува видео содржина на екран од  70 инчи. „Невидливите“ звучници вградени во рамката се заслужни за целосното доживување.

3_resize

Покрај овие работи во кои ќе уживаат сите оние кои не можат да замислат да си легнат без омилената серија или филм, апликацијата има многу други опции кои го анализираат вашиот квалитет на спиење и другите биометриски параметри. Исто така, апликацијата води евиденција за вашата телесна тежина, ги следи температурата и квалитетот на воздухот, и нивото на бучава.

Покрај тоа, апликацијата има аларм кој ве буди кога ќе го поставите, како и осветлување кое може да се користи како амбиентално, но и како светло за читање.

1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top